Тренерот на Милан, Стефано Пиоли повторно беше внимателен во коментарот на борбата за титулата во Серија А, иако неговиот тим водеше со пет бода во однос на второпласираниот Интер по победата од 1-0 над Емполи.
„Секогаш мораме да го сметаме нашиот следен натпревар за најважен. Ние сме на врвот и мора да гледаме натпревар по натпревар. Пласманот изгледа добро, но е виртуелен бидејќи има тимови со помалку одиграни натпревари. Мислам дека ќе беше фер доколку сите одиграа ист број натпревари, но ова не е под наша контрола. Вечерва се снајдовме добро, го контролиравме натпреварот и не ризикувавме многу. Емполи ни направи неколку проблеми со нивните додавања и направивме грешки при исфрлување на топката, но добро се снајдовме во одбраната“.
Милан во моментов е лидер во Серија А со 63 бода, пет повеќе од вториот Интер и шест во однос на Наполи, а седум во однос на четвртиот Јувентус. Но „росонерите“ имаат 29 натпревари, Интер 27, Наполи 28, Јувентус 29.
„На почетокот на вториот дел бевме малку слаби и недостатокот на движење значеше дека не можевме да најдеме можности за додавања. Не доминиравме на овој натпревар, но дефинитивно го контролиравме. Се разбира, ќе беше идеално ако го решевме натпреварот порано, но во оваа фаза од сезоната сите следат одредени цели, така што навистина треба да се работи напорно за да се победи. Кога ќе зборувам за Скудетото? Пред последното коло од сезоната, ако имаме водство од најмалку четири поени“.
“Сакам моите момчиња да продолжат да даваат се од себе, а вечерва видовме колку е тешко да се победи. Затоа веќе размислуваме колку тешко ќе ни биде во Каљари. Не треба да гледаме предалеку напред или зад нас. Јувентус? Тие дефинитивно се вклучени во борбата за титулата. Има 27 бода за освојување, а тие се во неверојатна серија на позитивни резултати. Би ги вклучил најдобрите пет тимови во борба за Скудето“, изјави Пиоли по мечот.