Работнички ја продолжи доминацијата кај дамите, нова победа за битолчанки

278

Лидерот во женската одбојкарска лига на Македонија, екипата на Работнички Скопје ја продолжи победничката низа и го потврди своето место на подиумот на домашната сцена, откако вчера во дербито на 3. коло од втората фаза на натпреварувањето, убедливо славеше во Струмица. Во малото дерби со одличниот состав на струмичанки, Работнички однесе победа во три сета, кои донесоа голема неизвесност.

Со оглед на тоа што се случуваше во текот на целиот натпревар, Струмица имаше свои шанси да освои и сет, но на крајот гостинките успеаја да го приведат мечот до максимален резултат. Во вториот дуел од плеј-оф групата, утре во Струмица играат Наковски Волеј и шампионот Јанта Волеј КВ.

Одбојкарките на Пелистер Волеј покажаа дека не случајно се на врвот во плеј-аут групата кај дамите. Младите битолчанки одиграа одлична партија на гости кај Универзитет во Тетово и со 3:1 ја остварија петтата победа сезонава.

Прва лига (жени), Втора фаза-1 (3. коло)

Струмица – Работнички          0:3 (20:25, 22:25, 22:25)

Наковски волеј – Јанта волеј КВ                       (понеделник, 19.00)

ТАБЕЛА: Работнички 49, 2. Наковски В. 37, 3. Струмица 32, Јанта Волеј КВ 29.

Прва лига (жени), Втора фаза-2 (3. коло)

Универзитет во Тетово – Пелистер волеј        1:3 (25:17, 15:25, 21:25, 27:29)

Фит фан волеј – Вардар                          (понеделник, 16.00, МРТ-3)

ТАБЕЛА: Фит Фан Волеј 16, Пелистер В. 16, Универзитет во Тетово 10, Вардар 9.

Претходно„Марка“: Мбапе потпишал за Реал (М) уште на 30 јануари!
СледноЦел стадион немилосрдно ги исвиркува Меси и Нејмар (ВИДЕО)