Тимот на Реал Сосиедад предмалку на домашен терен успеа да слави против Алавез со минимални 1:0, и со тоа да освои уште три значајни бодови во обидот сезонава да излезе во Европа. Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Мартин Зубименди во 70. минута од мечот, кој реализираше по неколкуте промашувања на домашните.
Со ова, Сосиедад го освои 47. бод сезонава и е шести на табелата, додека пак Алавез е претпоследен со 22. три помалку од екипите кои се надвор од зоната за испаѓање.