Дибала и Киелини се подготвени за реваншот

674

Добри вест во таборот на Јувентус пред реваншот против Виљареал во Лигата на Шампионите. Мечот се игра в среда со почеток од 21:00 часот, а за истиот во таборот на домашните конурираат и Пауло Дибала односно Џорџо Киелини. Напаѓачот и дефанзивецот се опоравија од повредите и ќе бидат голем плус за клучниот меч од сезоната во ова натпреварување досега.

Првиот меч во Шпанија заврши 1:1, па тоа значи дека Јувентус има уште многу работа пред себе. Дибала и Киелини беа надвор од терените скоро еден месец, но тренираат со полна пареа неколку дена, што значи дека и обајцата многу веројатно ќе се најдат во стартните единаесет.

 

ПретходноНаумовски на списокот на Милевски
СледноСрбија и Партизан се простуваат од Небојша Вучичевиќ