Горан Здравков е нов тренер на тимот на Детонит. Стратегот ќе се обиде пролетва да го спаси тимот на Детонит од најлошото, и да го остави во второлигашката конкуренција и следната сезона.
Здравков последно беше тренер на тимот на Каменица Саса со кој направи одлични резултати, и клубот беше во игра за влез во ПМФЛ но зимава двете страни се разделија.
Здравков е поранешен младински репрезентативец на Македонија, интернационалец, со перспективна тренерска кариера.