И во НБА може да се случи: Мемфис и Оклахома излегоа со исти дресови (ВИДЕО)

234

Необична сцена се случи синоќа на натпреварот од НБА лигата меѓу Оклахома Сити Тандер и Мемфис Гризлис. Имено, почетокот на мечот доцнеше неколку минути, а причината е скоро неверојатна за НБА лигата: двата тима на паркетот се појавија во бели дресови.

Кога сфатија за конфузијата, играчите и навивачите прснаа во смеа, а потоа Мемфис замина во соблекувалната за да облечат нова гарнитура, сини дресови.

ПретходноИспуштивме четири шанси за бронзен медал на ЕП во борење во Пловдив
СледноНајголемиот се врати: Том Брејди ја прекина пензијата, се враќа во дресот на Тампа Беј!