Манчестер Ј. има проблем: Бруно „виси“ за утрешниот реванш со Атлетико (М)

140

Манчестер Јунајтед може да остане без Бруно Фернандеш за реванш натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Според информациите од Англија кои ги потврди и менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, Португалецот има позитивен ковид-тест.

Бруно има девет гола и 14 асистенции од почетокот на сезоната, а не настапи и на натпреварот против Тотенхем. Лук Шо и Скот Мектоминај го пропуштија мечот во саботата, но се во план за настап против Атлетико.

„Се надевам дека Скоти ќе биде подобар. Имаше болки во потколеницата и затоа го оставив да одмори. Скоти е вреден играч за нас, но само кога е 100 отсто подготвен за игра”, изјави Рангник.

„Лук треба да продолжи со тренинзите во понеделник, а ќе го чекаме Бруно до последен момент. Тој има позитивен тест за Ковид-19 и мора да бидеме внимателни“.

Првиот меч меѓу Манчестер Ј. и Атлетико заврши со 1-1.

ПретходноТретиот фаворит на Индијан Велс елиминиран уште во второто коло
СледноНикој како Барса: 22 различни фудбалери оваа сезона постигнаа гол за каталонците!