Никој како Барса: 22 различни фудбалери оваа сезона постигнаа гол за каталонците!

210

Можеби оваа сезона не е нивна, но сепак, успеаја да постигнат уникатен рекорд. Фудбалерите на Барселона со победата над Осасуна од 4:0, синоќа успеаја да го урнат досегашниот рекорд на Реал (М) по број на фудбалери кои успеале да постигнат гол во една активна сезона.

Играчот за врска, Рикар Пуиг синоќа го постигна својот прв сезонски гол и со тоа стана дури 22-от фудбалер од ростерот на Чави Ернандез кој оваа сезона успеал да постигне гол.

Ова е вистински рекорд во 21. век, соборувајќи го претходниот на Реал Мадрид, кој во сезоната 2019/20 заврши со 21 играч кој успеал да се запише во листата на стрелците.

ПретходноМанчестер Ј. има проблем: Бруно „виси“ за утрешниот реванш со Атлетико (М)
СледноРепрезентацијата се комплетира вечерва: „Паски ќе подготви изненадувања, но и јас добро го познавам“