Со ремито 0:0 во Тетово предмалку на екипите на Ренова и Пелистер, заврши тековното коло во домашниот ПМФЛ шампионат. И покрај фаворитската улога, домашниот тим сепак не успеа да обезбеди три бода против последнопласираниот тим на табелата и со тоа во голема мера направи да си ги намали шансите за ислез во Европа на крајот од шампионатот. Од друга страна пак Пелистер покажа дека во овој тим и не е се така црно, дека битолчани имаат квалитет и капацитет во себе за да се спротивстават на поголемиот дел од екипите во првенството и дека местото на табелата не ја дава реалната слика за екипата во моментов. Напротив во финишот на мечот, Пелистер имапе две до три реални ситуации за да го загрози домашниот гол, но младите и пред се неискусни фудбалери не се снајдоа најдобро.
А претходно, Ренова не дека немаше шанси да поведе. Ги имаше особено во првиот дел кога Селмани промаши пенал, што реално беше и најзрелата шанса. Јусуфи ја имаше шансата на мечот од игра но и тој промаши нешто што реално не се промашува, па може слободно да се каже дека Ренова самата си е виновна што денеска не освои три бода.