Луис Хамилтон ја информираше јавноста за својата одлука дека ќе направи промена во името и презимето.
Британецот во чест на својата мајкаче го додаде и нејзиното презиме Ларбалестјер.
„Многу сум горд на моето презиме. Моминското презиме на мојата е мајка е Ларбалестјер и ќе го додадам на моето име. Не сфаќам зошто жените мора да го менуваат презиме кога стапуваат во брак. Навистина сакам моминското презиме на мојата мајка да биде пред Хамилтон“, изјави Британецот.
Родителите на Хамилтон се развеле кога тој има само две години.