Викендов во Словенија заврши регуларниот дел од тамошниот одбојкарски шампионат, а капитенот на нашата репрезентација Никола Ѓорѓиев и неговиот тим АЦХ Волеј финишираа на врвот без претрпен пораз.
АЦХ Волеј регуларната сезона ја затвори со победа над бранителот на титулата Марибор, што за нив беше 21 сезонска победа во исто толку одиграни натпревари.
Статистички, Ѓорѓиев имаше извонредни перформанси во словенечката лига и не случајно се најде на самиот врв во однос на поен-реализацијата. Нашиот коректор е на второто место на листата на најдобри поентери во словенечката Прва лига со просек од 4,44 реализирани поени во секој одигран сет за својот тим. На 21 меч во лигата, Ѓорѓиев реализираше 271 поен, што го става и во ТОП 5 во лигата според бројот на освоени поени.