Новиот спортски директор на Ајакс е довчерашниот фудбалер на овој клуб, 38-годишниот Клас Јан Хунтелар. Напаѓачот кој во 76 настапи за Холандија постигна 42 гола доаѓа на позицијата на Марк Овермарс кој доби отказ после скандалот во кој ги малтретирал колешките.
Хунтелар играше во Ајакс во два периода, од 2006. до 2009. и од 2017. до 2021. година. Тој играше и во Реал Мадрид, Милан и Шалке 04.
„Мило ми е поради враќањето во Ајакс. И јас сум возбуден поради новсата работа. Се надевам дека ќе се снајдам и верувам дека знаењето кое го стекнав во текот на кариерата ќе ми помогне на новото работно место. Инаку, истовремено работам и на тренерска диплома“, изјави Хунтелар.
ФОТО: Twitter/Matchday365