Билетите за Вардар – Веспрем по иста цена како во групната фаза!

591

Вардар 1961 оваа сезона не направи БУМ со продажба на билетите како некогаш. Но, сега е вистинско време за да навивачите на македонскиот првак да дојдат во сала и да ги поддржат „црвено-црните“ на патот кон Келн.

До таму ќе делат четири чекори или четири меча. Во осминафиналето, Вардар 1961 игра против Веспрем, првата пресметка е во Скопје на 31. март, а билетите за овој меч од утре ќе бидат пуштени во продажба. Први кои ќе можат да дојдат до карта ќе бидат сопствениците на сезонски билети.

Продажбата на овие билети ќе трае до 25 март, по што ќе почне продажба на поединечни билети за истиот натпревар.

ПретходноПред пресметката со Македонија, Манчини е загрижен за Донарума
СледноСо верба, без штедење против Романија: „Коцките“ се местат, Германците во стројот (ФОТО)