Кошаркарите на Валенсија триумфираа против Манреса во 90:85 во 23. коло на шпанската АБЦ лига. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше скромен ефект, погоди една тројка за околу 10 минути поминати на паркетот, а за тоа време имаше и една асистенција. Инаку во Валенсија најефикасен беше Хермансон со 19 поени.
Мечот беше неизвесен до самиот финиш. А Валенсија во завршницата беше посконцентрирана и поумешна па го доби дуелот со пет поени разлика.
Валенсија е петтопласирана на табелата, а каталонска Манреса е трета.