Испуштивме четири шанси за бронзен медал на ЕП во борење во Пловдив

132

Македонија се враќа без медал од настапите на европското првенство во борење за млади сениори до 23 години кое се одржа во Пловдив, Бугарија. И последниот наш адут, Реџеп Хајдари, не успеа да се избори за медал, откако во битката за бронзен медал загуби убедливо на поени (10:0) од грузискиот борач Когуашвили.

Претходно Македонија имаше уште три шанси да дојде до медал, но ниту еден од нашите борачи не успеа да го направи тој исчекор. Во битката за бронзениот медал Бесир Алили беше поразен од Ерменецот Харутјунјан, Фати Весели од Бугаринот Стојанов, а Столе Ефтимов ја загуби шансата за медал на пресметката со Лефтер од Молдавија.

ПретходноФеникс ги прегази Лејкерс, Џејмс со нов уникатен рекорд (ВИДЕО)
СледноИ во НБА може да се случи: Мемфис и Оклахома излегоа со исти дресови (ВИДЕО)