Голема, огромна врева се крена во јавноста во Италија, по повод аритражата на мечот Торино – Интер синоќа кој заврши со резултат 1:1. Интер се спаси од пораз во последните моменти, а главниот арбитар Марк Гуида е мета поради недосудениот пенал за домашните.
Јавноста „врие“, медиумите наголемо пишуваат за „кражбата“ која што му се случи на Торино, а истите го оценуваат Гудиа со „нула“ од десет.
„Газета дело спорт“ вели дека е ова „огромна грешка“ и му доделува оценка четворка, што се смета како премногу „блага казна“ што се вели. Останатите буквално го масакрираат Гуида, и го етикетираат како спасител на Интер во битката за титулата.
„Главниот судија нема оправдување да не го забележи ова и на теренот за време на ситуацијата и подоцна на официјалните лица на ВАР“, забележува Тутоспорт.
„Тешко е да се објасни што направи Гуида“, објави „Кориере дело спорт“.