Македонија е на само десет дена од Палермо

331

Македонската фудбалска репрезентација е на само десет дена од големиот, историскиот дуел од бараж полуфиналето за пласман на Мундијалот во Катар против Италија во Палермо на 24 март.

Останаа нешто повеќе од една недела до овој меч, кој слободно може да се каже дека е мечот на деценијата, а ние според сите најави истиот ќе го дочекаме на највисоко можно ниво. Се знае однапред дека Елиф Елмас и Тихомир Костаднов поради жолти картони не играат, се надеваме дека се ќе биде во ред дотогаш со Аријан Адеми. И покрај најавите дека ќе биде дел од тимот на Динамо, Адеми го следеше големото дерби против Хајдук од трибини изминатиот викенд. Новитет ќе биде Давид Бабунски, кој заедно со неговиот брат Дориан ќе пристигнат од унгарски Дебрецин, а последната информација од денеска е дека и Кристијан Наумовски, голманот на Шкупи ќе биде награден со репрезентативен повик.

Од друга страна Италија пак ја игра улогата на голем фаворит, што секако нам ни одговара, затоа што притисокот е врз домаќинот. Ние во изминатиот период покажавме дека можеме да се носиме апсолутно со сите, дека одигравме најдобро против најдобрите па уверени сме дека и овојпат ќе биде така, па ќе се израдуваме на уште еден огромен успех на репрезентацијата.

 

ПретходноРаботите се промени преку ноќ: Таткото на Меси го направил клучниот повик
СледноПред пресметката со Македонија, Манчини е загрижен за Донарума