Само неколку денови по фантастичната победа над ПСЖ со хет-трикот на Карим Бензема, Реал Мадрид запиша уште една убедлива победа, овојпат во првенството на Шпанија и тоа со 3:0 против Мајорка. И повторно „кралевите“ беа предводени од Бензема кој постигна два гола на овој меч.
По првото полувреме мрежите мируваа, а резултатот го отвори Винисиус во 55. минута на асистенција на Бензема. Потоа Французинот погоди од пенал (76 минута) и го постави конечниот резултат во 82. минута.
Реал е прв со 66 бода по 28 кола, а Севиља е зад него со 56 бода од исто толку натпревари. Мајорка е на 16-тата позиција.