Пред пресметката со Македонија, Манчини е загрижен за Донарума

202

На десет дена пред стартот на бараж мечот меѓу Италија и Македонија во Палермо за место на Светското првенство во Катар, предводникот Роберто Манчини има причина за загриженост. Истата се вика Џанлуиџи Донарума.

Тамошните медиуми пишуваат дека предводникот на италијанската репрезентација за место на Мундијалот мора да има на располагање фудбалерите кои се физички и психички силни. Во моментов, Манчини е загрижен за Донарума, особено по реванш дуелот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ во рамките на осминафиналето во Лигата на шампиони.

Токму чуварот на мрежата на Италија прими три гола од Карим Бензема, тој беше главен виновник за ваквиот расплет на настаните на „Сантијаго Бернабеу“.

Манчини по дуелот со Реал веднаш го контактирал Донарума, сакал да знае како се чувствува по тешката средба. Сепак и покрај ова неговото стартно место во составот не е под знак прашалник, но загриженоста останува, открива „Газета дело Спорт“.

За мечот со Македонија, предводникот на Италија нема да го има Алекс Марет кој има повреда, 100% во одбраната не можат да одговорат Киелини и Бонучи, на нивно место би играле Ачерби и Бастони.

ПретходноМакедонија е на само десет дена од Палермо
СледноБилетите за Вардар – Веспрем по иста цена како во групната фаза!