Работите се промени преку ноќ: Таткото на Меси го направил клучниот повик

1075

На сите им е добро познато колку Лионел Меси се близок со Барселона, без разлика што минатото лето изненадувачки се пресели во редовите на ПСЖ. Аргентинскиот репрезентативец нема ништо против да се врати во Каталонија, неофицијално тоа може да се случи за 2-3 три месеци.

Првата сезона на Меси во ПСЖ не беше добра, неговиот тим беше елиминиран од Реал во осминафиналето во Лигата на шампиони, со што го зголеми незадоволството кај него, и неговите соиграчи.

Тој е на мета на критики, а фановите го исфиркуваа против Бордо во неделата, нешто на што Аргентинецот не е навикнат. По ваквиот расплет веќе на големо се зборува за кам-бек во Барселона која го задолжи по сето она што му го пружи.

Според шпанските медиуми се вара „формула“ како да се врати, особено во време кога на клупата е неговиот некогашен соиграч Чави. Таткото на Меси пред неколку дена ги контактирал челниците на Барса, разговорите за можен трансфер веќе се почанти.

Аргентинецот од 2004 до 2021 година настапуваше за првиот тим на Барса, во ПСЖ не е ниту бледа сенка на она што го правеше во стариот тим.

За ПСЖ постигна само два гола во првенството, додека во ЛШ пет во седум меча, но тоа ништо не вреди за „светците“ откако се елиминирани во осминафиналето.

ПретходноСрбија со осум „странци“ ќе ја напаѓа Македонија
СледноМакедонија е на само десет дена од Палермо