Со верба, без штедење против Романија: „Коцките“ се местат, Германците во стројот (ФОТО)

663

Македонската ракометна репрезентација го одработи вториот тренинг во рамките на подготовките за бараж двомечот против Романија во патот кон Мундијалот во 2023 година.

За разлика од утринава, селекторот Кирил Лазаров, вечерва на располагање ги имаше и „Германците“, Жарко Пешевски и Филип Миркуловски. Останува уште да се приклучи Никола Митревски, кој во Скопје треба веќе да биде пристигнат, но со тренинзи ќе стартува во утре.

Нашите момци со верба гледаат кон пресметката со незгодната Романија, нема да се штедат, сите сакаат да им се вратат на победите, сакаат да се најдат на чекор до ново Светско првенство, сакаат да останат во добро препознатливиот ритам, да се пласираат на уште едно големо натпреварување.

Првиот дуел со Романија се игра во Скопје (17. март во СЦ „Борис Трајковски), реваншот е закажан за два дена подоцна во Букурешт. Подобриот од оваа пресметка ќе игра против Чешка, последен бараж за место за СП 2023 година.

ПретходноБилетите за Вардар – Веспрем по иста цена како во групната фаза!
СледноХамилтон ќе го смени презимето