Третиот на светската АТП листа, Александар Зверев (Германија) доживеа елиминација во второто коло на еден од најзначајните турнири од „Мастерс“ серијата во Индијан Велс (САД), кој се игра за награден фонд од 8,58 милиони долари.
Зверев загуби од Американецот Томи Пол со 2:1 во сетови (2:6, 6:4, 6:7) по 2 часа игра. Германецот не успеа да искористи водство од 4:2 во решавачкиот трет сет, а во тај-брејкот 39-тиот на АТП-листата Пол успеа да освои шест од првите седум плеј-оф поени на пат кон успехот.
Второто изненадување на вечерта го направи Ботик ван де Зандшулп од Холандија, кој спаси три меч топки и го елиминираше деветтиот фаворит Феликс Ожер-Алиасим од Канада со 7:6 (4), 6:7 (4), 6:3.
Седмиот на АТП листата, Андреј Рубљев (Русија) ја продолжи својата победничка серија совладувајќи го со 7:5, 6:4 Доминик Кепфер (Германија).