Ракометната федерација на Босна и Херцеговина денеска објави дека Тони Чолина ќе го наследи Ивица Обрван на селекторското место на тамошната репрезентација.
„Поранешниот помошник на Ивица Обрван, Тони Чолина, во наредниот период ќе ја предводи нашата сениорска репрезентација. Им посакуваме среќа на Чолина и неговата помошничка Марија Блажевиќ, особено на следните два натпревари против Грција на 16 и 19 март“, објавија од Федерацијата на БиХ.
Ракометната репрезентација на БиХ во првото коло од баражот за Светското првенство во 2023 година ќе игра против Грција. Подобриот од дуелот во второто коло од плеј-офот во април ќе се сретне со Црна Гора.