Актуелниот шампион во женска конкуренција, екипата на Јанта Волеј КВ потсети на своите најдобри денови од минатата сезона и успеа да оставри втора последователна победа во втората фаза од домашното одбојкарско првенство. Девојките предводени од Манасков, денеска славеа со максимални 3:0 на тешкото гостување во Струмица против годинава одличниот состав на Наковски Волеј.
Иако од струмичанки се очекуваше малку посилен отпор, тие паднаа уште во првите два сета во кои стигнаа до освојување на само 17 поени. Во третиот сет се приближија до ривалот но застанаа на 19 освоени поени, недоволни за сет.
Во дуелот од плеј-аут зоната, својата одлична форма во вториот дел од сезоната ја потврдија и „вардарки“. Тие ја стабилизираа играта и победнички минаа на гостувањето кај лидерот Фит Фан Волеј, совладувајќи го со 3:1.
Прва лига (жени), Втора фаза-1 (3. коло)
Струмица – Работнички 0:3 (20:25, 22:25, 22:25)
Наковски волеј – Јанта волеј КВ 0:3 (17:25, 17:25, 19:25)
ТАБЕЛА: Работнички 49, 2. Наковски В. 37, 3. Струмица 32, Јанта Волеј КВ 32.
Прва лига (жени), Втора фаза-2 (3. коло)
Универзитет во Тетово – Пелистер волеј 1:3 (25:17, 15:25, 21:25, 27:29)
Фит фан волеј – Вардар 1:3 (25:22, 14:25, 20:25, 11:25)
ТАБЕЛА: Фит Фан Волеј 16, Пелистер В. 16, Вардар 12, Универзитет во Тетово 10.