Французинот Гаел Монфилс со пресврт го совлада Данил Медведев со резултат 2:1 (4:6, 6:3 и 6:1) во 1/16 финалето на Индијан Велс па така српскиот ас Новак Ѓоковиќ ќе се врати на првото место на АТП листата.
Монфилс го загуби првиот сет, а во вториот направи брејк во осмиот гем за 5:3, а потоа и за 6:3. Во третиот сет Медведев тотално се распадна и загуби убедливо. Монфилс оди во осминафиналето на турнирот.
Ѓоковиќ по кратка пауза се враќа на местото број 1 на АТП листата иако не игра на Мастерсот во Индијан велс. Медведев три недели беше на чело.