Како награда за она што го одигра, односно одбрани во досегашниот дел од сезоната, голманот на Шкупи, лидерот на ПМФЛ во моментов ќе биде повикан за А репрезентацијата на Македонија.
Спортмедиа дознава дека Наумовски по подолг период ќе биде дел од репрезентацијата на Македонија на историскиот дуел против Италија, кој е дел од полуфиналето од баражот за пласман на Мундијалот во Катар. Наумовски има досега шест настапи за А репрезентацијата, а дебитираше во 2009. година.
Чуварот на мрежата во моментов има 33. години и имаше богата интернационална кариера, пред да се врати на голема врата во домашниот шампионат и да биде еден од најдобрите играчи на Шкупи сезонава.