Еден од најдобрите квотербекови на сите времиња, Том Брејди синоќа објави дека се враќа од пензија и дека оваа сезона ќе игра за Тампа Беј Баканирс во НФЛ лигата.
На 1 февруари Брејди како играч на Баканирс објави дека ја завршил кариерата, но се предомислил бидејќи, како што вели, има „незавршена работа“.
„Во последните два месеци сфатив дека местото ми е на теренот, а не на трибините. Ќе има време и за тоа, но не е сега. Ги сакам моите соиграчи и го сакам моето семејство кое ме поддржува. Тие направија ова да е реално. Се враќам. И во мојата 23-та сезона ќе играм за Тампа“, изјави Брејди.
Брејди во текот на кариерата освои седум титули во Суперболот, од кои во 2020 година и со Тампа Беј.