Репрезентацијата се комплетира вечерва: „Паски ќе подготви изненадувања, но и јас добро го познавам“

190

Македонската ракометна репрезентација денеска продолжува со подготовките пред бараж-двомечот со Романија за пласман на СП 2023. Нашите ракометари се уште се некомплетни, но до крајот на денот се очекуваат и последните пристигнувања на интернационалците.

„Ги очекуваме Пешевски и Миркуловски. Тие денеска ќе бидат слободни бидејќи играа вчера. Ќе бидат со нас на видео-анализите, а утре ќе ни се приклучат на тренинзите, исто како и Никола Митревски кој пристигнува вечер. Сега за сега мислам дека освен Манасков, Мишевски и Велковски, другите ги имаме на располагање“, вели селекторот Кире Лазаров.

За очекувањата од пресметките со Романија и квалитетот на противникот, Лазаров вели:

„Ние уште по пласманот на ЕП претпоставувавме дека ќе играме бараж за СП. Тоа го имавме во глава уште по поставувањето на селектор. Исто е тоа што тие имаат ист тренер, имаат некои промени. Паски е многу познат тренер, тренер кој 12 години беше во Барселона. Сигурно дека тие имаат добиено на сериозност, на квалитет и на стратегија. Што се однесува до нас мислам дека имаме доста промени. Имаме доста новитетети, нови играчи и доста сериозен противник, кој никако не смееме да го потцениме. Мора да ги гледаме со респект. Познавајќи го Чави тој ќе подготви некои изненадувања, но како што тој ме знае мене, така и јас го знам него. Не треба да се заморуваме со Романија. Ние започнавме една работа која треба да ја продолжжиме и надоградиме. Има работи кои многу треба да ги поправиме, така што секогаш има простор за надоградба. На добар пат сем, изгледаме сериозно и сигурен сум дека ќе се подготвиме добро и ќе имаме добар настап“.

ПретходноНикој како Барса: 22 различни фудбалери оваа сезона постигнаа гол за каталонците!
СледноЧолина е наследникот на Обрван на клупата на БиХ