Тер Штеген добива конкуренција: Чави го враќа детето на Барса од Галатасарај

465

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, од следната сезона ќе добие вистинска конкуренција за местото меѓу стативите во каталонскиот гигант.

Каталонските медиуми вече објавија дека Ињаки Пења ќе стане втор голман на Барселона по истекот на позајмицата во Галатасарај.

Пења блескаше на првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа на „Камп Ноу“ и успеа да ја сочува својата мрежа недопрена, а имаше неколку блескави интервенции и покажа дека заслужува место во тимот на Чави.

Инаку, Пења е дете на Барселона, ги помина сите помлади категории на славната „Ла Масија“, а неодамна го прослави и својот 23 роденден.

ПретходноЃорѓиев со 21 победа и како втор поентер ја заврши регуларната сезона во Словенија
СледноНаумовски на списокот на Милевски