Историјата нема да биде без наши навивачи, без “фалангата“. Имено се очекува на трибините на стадионот “Ренцо Барбера“ да има најмалку, 1.500 македонски фанови кои ќе ги бодрат “рисовите“ на бараж мечот за СП во Катар со Италија на 24 март во Палермо.
Уште една добра вест за нашите фанови е тоа што Фудбалската федерација на Македонија од Скопје за Палермо ќе носи фанови од нашите навивачки групи со два автобуси, и тоа во организација на самата федерација. Значи дел од тие 1.500 фанови ќе бидат и во тие два автобуси.
За деталите секако дека ќе почекаме на официјалното известување од страна на нашата Фудбалска федерација.
Секако дека тие најмалку 1.500 фанови ќе бидат голема поддршка за нашата репрезентација за овој историски меч.