Најугледните британски медиуми пренесоа дека арапски милијардер со име Мохамед Алкереи испратил понуда за купување на Челзи и така понуди спас за актуелниот европски првак.
Во изминатите недели за Челзи се појавија неколку потенцијални купци, а според британските медиуми сега понуда доаѓа од Алкереи кој е навивач на Челзи од Саудиска Арабија. Се работи за човек кој долго време живеел и работел во Англија.
Инаку тој ја претставува компанијата Сауди Медиа Груп која доставила официјална понуда во изност од 2,7 милијарди фунти за купување на клубот односно 3,5 милијарди долари.
Како што пренесува новинарот на Си-Би-Ес Бен Џејкобс, Алкереи го претставува конзорциумот кој не е во директна врска до Саудиска Арабија и како таков не би требало да има право со регулативата во Премиер лигата. Сепак, Џејкобс наведува дека СМГ има поддршка во собирање на средства од Мохамед бин Калид Ал Сауд, претседателот на Сауди Телеком која е државна компанија.
Дома Меѓународен фудбал Англија Спас за Челзи од Саудиска Арабија – Навивач понудил 3,5 милијарди долари!