Легендарниот италијански тренер Ариго Саки ја коментираше битката за титулата во Серија А. Шампионот Интер повеќе не е фаворит, откако за малку ќе загубеше од Торино (1:1), а во исто време Милан и Наполи ги добија своите натпревари, односно против Емполи (1:0) и Верона (2:1).
„Фудбалот е тимски спорт. Интер ми изгледа како исцеден лимон. Дојдоа во Торино и наидоа на одличен тим и изгубија бодови“, изјави 75-годишниот Саки за Газета дело Спорт.
„И Верона е силен тим. Се работи за агресивен противник кој игра брз фудбал. Аталанта плати висока цена за играњето против Баер Леверкузен во текот на неделата. Истото му се случи на Интер поради мечот со Ливерпул. Дефинитивно тимовите играат премногу натпревари во последните години“.
Ариго Саки ги прокоментира и шансите за титулата на неговиот поранешен клуб Милан:
„Има тимови кои го градат својот состав околу одреден играч. Други се потпираат на стил кој му олеснува на секој фудбалер, без разлика кој е тој. Милан е од вторите и затоа се потпираат на непознати играчи. Сепак, „росонерите“ мора секогаш да бидат на исто ниво, бидејќи го немаат ниту потребното искуство, ниту спортско-техничките квалитети на скапите ѕвезди. Фудбалерите на Милан не се скапи. Ако тимот ја освои титулата, тоа ќе биде ремек дело, бидејќи тимот е изграден без големи трошоци. Ми се допаѓа како играат. Милан не е најдобриот тим, но го игра најдобриот фудбал. Не успеаја против Емполи, но тоа им се случи еднаш што и не некоја штета“.
Foto> Twitter/FootballItalia