Карим Бензема постигна два гола во победата на Реал Мадрид над Мајорка со 3:0 во шпанската Ла Лига. „Кралевите“ итаат кон титулата, а Бензема игра во одлична форма сезонава. 34-годишниот напаѓач стана најдобриот француски фудбалер во историјата. Тој има 413 голови на клупско ниво и со репрезентацијата, а зад него остана легендарниот Тиери Анри кој застана на 411 гол.
Со 22 гола Бензема води на листата на стрелци во Ла Лига сезонава. Тој има и 11 асистенции. Од стартот на сезоната Бензема постигнал 32 гола во сите натпреварувања и тоа е најдобриот личен ефект откако е во Реал Мадрид. Тој постигна 32 гола во сезоната 2011/12.
Инаку Бензема пет меча по ред постигнува гол(ови). Минатата недела постигна хет-трик во голот на ПСЖ и му помогна на Реал да се пласира во четвртфиналето на ЛШ.