Добриот и лошиот – ја запре играта за да спаси глушец, а потоа доби црвен картон за остар старт

229

И покрај војната во Украина фудбал се игра во Русија. Вчера играа Рубин и Ростов, а фудбалерот на домашната екипа Виталиј Лисакович имаше луди 20 минути. На почетокот на натпреварот виде глушец на теренот, но тој внимателно го зема во рацете и го изнесе од теренот.
Но во 19. минута повторно го забележаа камерите и тоа поради груб фаул врз противничкиот играч Бајрамјан. Тој направи остар фаул, поради кој судијата му покажа директен црвен картон.
А со фудбалер помалку Рубин го загуби мечот со 1:2. Димитри Полоз ги доведе гостите во предност, на 0:2 зголеми Бегиќ со автогол, додека екипата од Казан намали преку Кваратшкелија.

ПретходноАриго Саки: Интер е исцеден лимон, Милан нема најдобар тим, но игра најдобар фудбал
СледноНа Анчелоти рано му е да зборува за титула: Јас загубив финале во ЛШ на кое водев 3:0