Зајков сезоната ќе ја доигра во Бугарија

416

Македонскиот репрезентативец, Ѓоко Зајков, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Славија Софија.

Поради руската инвазија врз Украина, Зјаков имаше кратка авантура во тимот на Ворскла Полтава, каде дојде од Левски. По одлуката на ФИФА и УЕФА, странските фудбалери сезоната ја завршат во други клубови, а потоа да се вратат на старите тимови, доколку се смири ситуацијата, Зајков одлучи да се врати во Бугарија.

Трансферот на Зајков иако го потврдија од клубот, сепак за негово комплетирање потребно е да стигне комплетната документација од украинската фудбалска федерација, во која владее хаос поради војната.

„Зајков до крајот на сезоната ќе игра во нашиот клуб како позајмен играч“, изјави шефот на Славија, Венци Стефанов.

ПретходноШок за Русија: Капитенот одби да игра за репрезентацијата поради војната во Украина!
СледноПасквал: Македонија е фаворит, ќе биде „пеколно“ во Скопје, но моите момци имаат една опција!