Очекувано, па и заслужено, а фановите на Брегалница ќе кажат – конечно. Имено по серија примени смешни голмани, направени невидени киксови, стратегот на Брегалница, Илчо Ѓорѓиоски го тргна од голот младиот голман Давид Денковски. Па така на завчерашниот меч со Борец, Денковски беше на клупата, а покрај стативите беше искусниот Илче Петровски. Штипските “сини“ тој меч без ниакви проблеми го добија со 3:0.
Имено факт е дека Денковски е еден од нашите најдобри млади голмани, актуелен репрезентативец на У-21 на Македонија, па тој не спаси од пораз со Србија во Охрид.
Но исто така факт е дека Денковски оваа пролет имаше барем два големи кикса. Прво со Ренова кога прими „пацерски“ гол, всушност сам си ја затресе мрежата по шутот на Мурати, а на мечот со Пелистер тоа беше чудо невидено. Петар Љамчевски шутрираше а Денковски исто сам си ја затресе својата мрежа.
Да не ги споменуваме сите оние киксово во есенскиот дел, па Денковски ја кошта Брегалница најмалку 5-6 бодови оваа сезона, најмалку.
И кога е така, нормално дека Ѓорѓиоски го седна младиот Денковски на клупа. Како прво тој малку да се „олади“, а како второ да не прави нервоза меѓу играчите, секако и меѓу фановите на Брегалница.