Откако не успеа да обезбеди настап на ЛОИ во Токио, еден од најдобрите македонски каратисти, Eмил Павлов, сепак ќе има можност да ја престави Македонија и македонското карате на еден голем олимписки форум.
Имено, како што денеска потврдија од Македонскиот олимписки комитет, Емил Павлов ќе настапи на 11-те Светски Игри, кои ќе се одржат во Бирминген, Алабама, САД, во периодот 7-17 јули 2022 година и на кои ќе учествуват 3633 спортисти, кои ќе се натпреваруваат во 34 спорови.
Инаку, Светските игри се под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет и преставуваат едно исклучително натпреварување.