Карл Ентони Таунс постигна 60 поени во триумфот на Минесота!

237

Последните денови дури четворица играчи ја поминуваа границата од 50 поени на еден меч во НБА лигата, но утринава еден кошаркар освен што го одигра натпреварот на кариерата го впиша и своето име во книгата на рекорди во најсилната американска кошаркарска лига.
Во победата на неговиот Минесота Тимбервулвс над Сан Антонио (149:139) Таунс постигна невероатни 60 поени, 17 скокови што е најголем број на поени на еден играч во оваа сезона.
Незапирливиот Таунс го собори рекордот на Минесота од 56 поени кој самиот го постави во 2018 година, а постави и рекорд на сезоната со 32 поени во една четвртина. Тоа му успеа во третата четвртина од мечот.
Инаку ова е прв пат еден центар да реализира 60 поени на еден натпревар после Шекил О’Нил кој тоа го напрви на својот 28. роденден во март 2000 година.

Апсолутниот рекорд му припаѓа на Мајкл Џордан кој во 1990 година реализирал 69 поени на еден натпревар, а по него е Вилт Чембрлејн кој во 1969 година реализирал 66 поени на еден натпревар.

Во другите натпревари:
Кливленд – Л.А. Клиперс 120:111 по прод.
Атланта – Портланд 122:113
Филаделфија – Денвер 110:114
Оклахома – Шарлот 116:134
Сан Антонио – Минесота 139:149
Голден Стејт – Вашингтон 126:112
Сакраменто – Чикаго 112:103
Јута – Милвоки 117:111
Л.А. Лејкерс -Торонто 103:114

ПретходноТалески: Ќе биде поразлично од ЕП, се враќаат Лазаров, Маркоски и Стоилов!
СледноДончиќ зборуваше на прес, па му заѕвоне телефонот со мелодија на Дара Бубамара (видео)