Сезоната на Манчестер Јунајтед е пред тотален колапс откако „црвените ѓаволи“ се простија од соништата за пласман во самата завршница од Лигата на шампионите. Вечерва на домашен терен загубија од Атлетико (М) со 1:0 и во осминафиналето од најсилното европско натпреварување завршуваат уште една неуспешна евро-сезона.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во финишот на првото полувреме, кога избраниците на Диего Симеоне приредија одличен напад. Коке и Родриго Де Пол одлично искомбинираа, при што првиот центрираше на „втора“ статива за Ренан Лоди, а Бразилецот со глава погоди во голот на Давид Де Хеа.
Во второто полувреме, Манчестер Јунајтед даде се од себе за да изврши притисок врз противникот, создаде неколку добри прилики за остана без гол.
Изненадување приреди и Бенфика. На гостувањето кај годинава амбициозниот Ајакс, Португалците успеаја по нерешените 2:2 од првиот меч со еден гол да си го отворат патот до четвртфиналето. Дарвин Нињез беше прецизен во 77. минута и успеа да ги однесе Португалците меѓу осумте најдобри.