ЛШ: Роналдо и „ѓаволите“ се „острат“ за триумф над Атлетико

154

Триумфот над Тотенхем со 3:2 со хет-трикот на Кристијано Роналдо ги крена избраниците на Ралф Рангник кои сега ќе атакуваат и на победа на „Олд Трафорд“  за пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

По првиот меч на „Метрополитано“ Јунајтед и Атлетико одиграа 1:1, на тој меч Еланга го постигнаа 400 гол на Јунајтед во ЛШ, додека Атлетико го прими 100 гол во елитното клупско натпреварување. Одлуката за патникот понатаму ќе падне вечерва во Манчестер.

„Атлетико е чуден тим. Нив не им е гајле дали ќе ја имаат топката во посед или не. Погледнете ги последните неколку лигашки натпревари, имаа помалку од 50% посед. Свесни сме за тоа. За нас е важно први да не примиме гол. Би било идеално ако први постигнеме…“, изјави тренерот на Јунајтед, Рангник.

Инаку ова ќе биде само трет меѓусебен дуел во историјата. Пред оној во Мадрид, двата тима играа во поранешниот КПК во 1991 година и тоа во второто коло. Тогаш на „Олд Трафорд“ беше 1:1, а во Мадрид 3:0 за Атлетико.

Што се однесува до играчкиот кадар, кај Атлетико повредени се Куња, Лемар, Врсаљко и Вас. Неизвесно е дали некој од нив ќе може да игра. Кај Јунајтед повреден е Мектомини.

ОСМИНАФИНАЛЕ – РЕВАНШИ

АЈАКС – БЕНФИКА          21:00 ч.
Прв меч: 2:2
МАН.ЈУНАЈТЕД – АТЛЕТИКО      21:00 ч.
Прв меч: 1:1

ПретходноГвардиола: Не постои среќа во фудбалот
СледноЛШ: Бенфика ќе се бори и против лошата традиција во дуелите со Ајакс