Македонија е комплетна: Митревски веќе се подготвува за Романците (ФОТО)

380

Македонската ракометна репрезентација од денеска е комплетна. Последен во стројот се приклучи искусниот голман, Никола Митревски, кој е во одлична форма.

Чуварот на мрежата на Порто веќе го одработи првиот тренинг со „црвено-жолтите“, заедно со Мартин Томовски треба да бидат голманскиот тандем на двомечот со Романија за место на СП 2023 година.

За разлика до изминатото Европско првенство, Македонија на овој дуел ќе биде посилна за Кирил Лазаров, Никола Маркоски и Стојанче Стоилов, во составот ќе го нема Дејан Манасков, кој се уште се рехабилитира по тешката повреда.

Првиот меч меѓу Македонија и Романија се игра во четврток (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“, билетите веќе се пуштени во продажба и тоа по цена од само 100 денари. Нашите ракометари по долго време ќе играат пред публика, капацитетот на салата ќе биде исполнет според правилата во време на пандемија. Реваншот се игра за два дена во Букурешт. Подобриот од оваа пресметка ќе игра против Чешка, последен бараж до Мундијалот.

ПретходноПарма обезбеди многу важна победа, Пандев доби половина час
СледноФОТО НА КОЛОТО: За Шкупи се навива од мали нозе!