Манчини в петок со списокот: Дилемата е Балотели или Жоао Педро против Македонија!

275

Ако нашиот селектор утре го објавува списокот за бараж мечот за пласман на СП во Катар на 24 март во Палермо, тогаш селекторот на Италија, Роберто Манчини, барем според тамошните медиуми, тоа ќе го стори в петок. Манчини ќе чека до последен час да му се разјаснат некои дилеми, но како што се навестува тој има намера да повика од 30 до 34 фудбалери за мечот со Македонија, но и за дуелот на 29 март, да се надеваме за третото место.

Инаку единствена дилема, барем засега кај него била дали да го повика Марио Балотели или Жоао Педро.

Еден од нив двајцата ќе биде четвртиот напаѓач на неговиот список покрај Имобиле, Белоти и Скамака. Тука се очекува да биде повикан и Распадори.

Сепак да почекаме до петок кога селекторот на европскиот шампион ќе го објави списокот за дуелот со Македонија.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 23.КОЛО: Димов блеска, “пандевци“ блескаат….
СледноМедведев може да игра на Вимблдон, но само ако докаже дека е против Путин!