Мбапе лут на навивачите на ПСЖ: Сите загубивме од Реал, а не само Меси и Нејмар

828

Килијан Мбапе призна дека бил вознемирен од однесувањето на навивачите на натпреварот со Бордо. Според Л’Екип, напаѓачот на ПСЖ е фрустриран од свирежите на навивачите кон Лионел Меси и Нејмар.

Мбапе е единствениот играч на ПСЖ чиј допир на топката за време на натпреварот против Бордо беше испратен со аплауз од страна на навивачите. И покрај ова, Килијан беше многу вознемирен од однесувањето на навивачите кон неговите соиграчи.

Французинот смета дека целиот тим загубил од Реал Мадрид, а не само неколку играчи. Тој потенцирал дека е срамно вака да се однесуваат кон големини како Меси и Нејмар.

ПретходноКаратистот Павлов ќе ја преставува Македонија на 11. Светски Игри во САД
Следно„Спотифај“ е нов спонзор на Барселона: „Камп Ноу“ добива ново име