Инвазијата на Русија врз Украина и тоа како им создаде проблеми на руските спортисти. Па така и на Данил Медведев, секако еден од најдобрите, ако не и најдобар тенисер во моментов во светот.
Имено како што јавуваат медиумите од Островот, ако сака Русинот да игра на Вимблдон, тогаш ќе мора да докаже дека е против Владимир Путин, дека ја осудува агресијата на Русија врз Украина и зад неговото име да не стои знамето на неговата земја.
Ова денеска го најавил министерот за спорт во Владата на В. Британија, Најџел Хадлстон, кој изричито барал од организаторот на Вимблдон да му постават вакви услови на Русинот ако сака да настапи на најсилниот тениски турнир во светот.