Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен се најде на списокот на својата репрезентација после девет месеци откако на Европското првенство против Финска доживеа срцев удар и се урна на теренот. Лекарскиот тим по долго време успеа да го врати во живот, по што му беше вграден дефибрилатор, причина поради која не смееше да настапува во Серија.
30-годишниот Ериксен се врати на терените во својот нов тим, Брентфорд, кој настапува во англиската Премиер-лига. Тој ќе игра за данската репрезентација на двата пријателски натпревари против Холанија на 25. март, и против Србија три дена подоцна.