На Анчелоти рано му е да зборува за титула: Јас загубив финале во ЛШ на кое водев 3:0

336

Реал Мадрид по триумфот над Мајорка со 3:0 отиде на плус десет поени предност на првенствената табела. Тимот ја крена формата, во последните денови направи величенствен пресврт против ПСЖ и се пласираа во четвртфинале, а вчера ја совладаа Мајорка со два гола на Бензема и еден на Винисиус.

Доколку го освои трофејот во Ла Лига, Анчелоти ќе стане првиот тренер во историјата кој ги освоил титулите како тренер во петте најсилни лиги во светот. И покрај високата бодовна предност, Италијанецот вели дека ништо не е завршено, а како пример го посочи финалето во ЛШ во 2005 година кое неговиот Милан го изгуби од Ливерпул иако на полувреме имаше предност од 3:0.

Дали може да се остане без титула после 10 бодови предност? Да. Еве ви пример, загубив финале во Лигата на шампионите на кое на полувреме водев со 3:0. Ми се случи такво нешто и не сакам да се повтори. Кога ќе доживеете такво нешто, различни ги гледате работите во фудбалот“, вели искусниот тренер.
Претстојниот викенд Реал ќе игра против Барселона на „Бернабеу“.

ПретходноДобриот и лошиот – ја запре играта за да спаси глушец, а потоа доби црвен картон за остар старт
СледноГвардиола: Не постои среќа во фудбалот