Парма обезбеди многу важна победа, Пандев доби половина час

346

Горан Пандев одигра половина час на денешниот меч на Парма во италијанската Серија Б нагостувањето кај Виченца. „Млекарите“ славеа со 1:0, победа која е исклучително значајна во трката за место во разигрувањето кое може да ги врати во Серија А.

Пандев мечот го почна од клупата, а само неколку минути откако доби шанса во второто полувреме заработи и жолт картон. Парма ја прослави осмата победа сезонава која засега ги остава на 12. место на табелата.

 

ПретходноСТАРТНИ СОСТАВИ: Погба и Кавани на клупа, Феликс и Гризман го напаѓаат „Олд Трафорд“
СледноМакедонија е комплетна: Митревски веќе се подготвува за Романците (ФОТО)