Пелистер останува без македонскиот репрезентативец до крајот на сезоната

767

Екипата на Пелистер до крајот на сезоната ќе остане без првиот плејмејкер Бобан Стајиќ. Македонскиот репрезентативец, кој прележа Ковид-19 се случува со дополнителни проблеми, мора да мирува за да ја подобри здравствената состојба.

Стајиќ рано се вратил на тренинзите во клубот, па токму тоа е причината за компликациите, кои не се сериозни, но бараат многу внимавање, а најмалку спортска активност. Токму поради оваа причина тој не беше во составот на Македонија за дуелите со Грузија.

Битолскиот состав засега останува лидер на табелата, пред МЗТ Скопје има два бода повеќе по 18 одиграни кола.

ПретходноКанатларовски го објави списокот за У-21 мечевите со Србија и Ф. Острови!
СледноОфицијално: Италија ќе не пречека на преполн „Ренцо Барбера“!