Готово е, нема веќе дилеми. И последната сламка за спас, на која се надеваа Русите, веќе ја нема. Имено денеска Арбитражниот спортски суд (ЦАС) во Лозана објави дека ја одбил молбата на Фудбалската федерација на Русија, односно ја потврдил одлуката на ФИФА и УЕФА за суспензија за репрезентацијата и клубовите. Тоа значи дека и дефинитивно селекцијата на Русија и клубовите од таа земја не смеат да настапуваат на натпревари кои се под покровителство на ФИФА и УЕФА.
Секако дека ова значи дека Русија нема и дефинитивно да игра бараж за СП во Катар, секако дека нема ни да учествува.
Сега да го вдиме потегот на Владимир Путин, кој најави дека ако Русија и дефинитивно нема да игра бараж и нема да игра на СП, нема ни да има Мундијал.