Романија со нов проблем пред дуелот со Македонија

285

Романија, првата пречка за Македонија на патот кон Светското првенство 2023 година, во Скопје ќе допатува без двајца клучни ракометари.

По Демис Григорас, десниот бек на Бенфика, поради повреда селекторот, Чави Пасквал на располагање ќе го нема и левиот бек, Александру Шимику, кој пропушти нов меч за Сант Рафаел.

Од претходно отпаднаа и бековите Хавиер Хумет и Андреј Бузле.

Романија во Скопје доаѓа утре, првиот дуел се игра во четврток (19 часот), во СЦ „Борис Трајковски“, реваншот е за два дена во Букурешт. Подобриот од оваа пресметка ќе игра против Чешка, последен чекор до Мундијалот следната година.

Македонската репрезентација денеска ќе биде комплетна, последен во стројот се пруклучи искусниот голман, Никола Митревски.

Претходно За една година фантастични 226,472,471.00 со СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ
СледноКОМЕНТАР НА 23.КОЛО: Шкупи си ГАЗИ, “лавовите“ стопирани, Бруно се спаси од нова бламажа!